
Прв ден: 05.03.2026 (четврток)
19.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и во 21.00 часот од Кавадарци. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на протокот Дарданели.
Втор ден: 06.03.2026 (петок)
Пристигнуваме во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале, градот кој е капија меѓу Европа и Азија, градот кој локациски поблиску до Егејското отколку до Мрморното Море. еСместување на групата во хотелот „Buyuk Truva“ 4**** во центарот на градот. Краток одмор од патувањето а потоа заминуваме на организиран разглед на градот со локален туристички водич. Бред Пит, толкувајќи ја улогата на Ахил во познатиот епски спектакл „Троја“, вели: „Боговите ни завидуваат затоа што сме смртници, затоа што секој момент може да ни биде последен. Сè е поубаво, затоа што сме осудени на пропаст. Никогаш нема да бидете поубави отколку што сте сега. Никогаш повеќе нема да бидеме тука.“ Може да се каже дека Чанаккале на некој начин го побива тоа тврдење, затоа што колку подолго сте таму, градот станува сè поубав и Ве плени со шарм што е производ на мешавината од различни влијанија што ги стекнал поради местоположбата на која се наоѓа. А „Троја“ не беше спомената случајно, затоа што тука, на главниот кеј, токму помеѓу проѕирната водена површина и раздвижениот центар на градот, се наоѓа еден од поновите симболи на градот – макета на голем дрвен тројански коњ, токму каков што се користел во текот на снимањето на филмот Троја. Главната улица е секогаш преполна со луѓе и води до еден од симболите на градот - „пазарот на огледалата“. Изграден е во 1890 година од познат еврејски трговец со одобрение на султанот Абдулхамид II - барем така пишува на знакот на влезната врата. Уништен е во Битката кај Галиполе во 1915 година, уште еден настан што го обележал ова подрачје поради кој туристите патуваат во Чанаккале и околината. Пазарот е реновиран во 2004 година и кога ќе влезете во него, доминира шареноликоста на тезгите каде можете да купите најразлични производи и сувенири. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Вечера во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2026 (сабота)
Појадок. Заминување на групата на панорамски разглед на градот. Целата област е позната по битката која се одиграла на полуостровот Галиполе во 1915-та година кога обединетите британски и француски сили ја започнале битката со намера да го заземат Истанбул и така да воспостават контрола над Босфорот и Дарданелите. Потоа слободно време во некој од познатите шопинг центри во околината на градот. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот. Вечерта организирана празнична забава во ресторанот на хотелот со организирана вечера и музика. Ноќевање.
Четврт ден: 08.03.2026 (недела)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности во градот. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во понеделник, на 09.Март во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра (17.300 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Buyuk Truva“ 4 * во центарот на Чанак Кале
- Локален туристички водич
- Организирана празнична вечера со музика во ресторанот на хотелот
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената не е вклучено:
- Доплата за еднокреветна соба – 120 евра
- Пијалок за време на празничната вечера
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници