ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА, БАЉДЕМОСА, СОЛЕР, ПЕШТЕРИТЕ ДРАХ, ПОРТО КРИСТО...
(Palma de Mallorca, Valdemossa, Soller, Drach Caves, Porto Cristo)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок
- Mарт (четврток) СКОПЈЕ - ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА Состанок на групата на скопскиот аеродром во 03:40 часот. Лет за Палма де Мајорка во 05:40 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Палма де Мајорка во 12:45 часот. Трансфер до хотелот. Мајорка е најголемиот шпански остров кој се наоѓа во Балеарскиот архипелаг заедно со Ибица и Менорка. Мајорка има исклучително поволна клима со долги и суви лета. Исклучителната географска положба на островот му дава пријатната клима, бујна вегетација, како и чисто море со природни песочни плажи. Мајорка е остров на живи настани и омилена дестинација на трендсетерите. Претставува комбинација од денешната цивилизација и десетвековната историја. Ова е остров со огромни боровни шуми и карпести плажи на запад, прекрасни заливи на исток и долги песочни плажи на север и југ. Северот на Мајорка има прекрасни плажи, а ветерот што постојано дува е посебна атракција за сурферите. На јужната страна. плажите се покриени со бисерен песок и изгледаат речиси нереално. Доколку случајно се најдете во девет часот навечер, на половина час југоисточно од главниот град, на плажата Ес Тренц, сигурно ќе го доживеете едно од најубавите зајдисонца.Ноќевање.
- Mарт (петок) ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА ( Панорамски разглед )Појадок.Факултативен полудневен излет до главниот град. Градот е поатрактивен од било кога благодарение на внимателното планирање на градот и обемните мерки за реновирање во стариот дел од градот (Каско Антигуо). Таканаречениот „бисер на Медитеранот“, нуди динамичен начин на живот и дење и ноќе. Преполн е со медитерански шмек кој привлекува милиони посетители секоја година. „Сандеј Тајмс“ ја прогласи Палма за едно од најдобрите места за живеење во светот. Посетувајќи го, ќе имате можност да ja научите интересната приказна за главниот град Мајорка кој е и најголемото пристаниште, а воедно и административен центар. Се наоѓа на јужниот брег во истоимениот залив. Симболот на Палма е секако добро познатата катедрала, која островјаните ја нарекуваат „Ла Сео“ - дело на големиот мајстор Гауди. посета на Паркот де ла Мар, прошетка по модернистички уникатни фасади дизајнирани од локални и Каталонски уметници и поглед кон главните згради на Палма де Мајорка, палатата Алмудаина, Ла Лоња или катедралата, како и традиционалните дворови, симбол на моќ и престиж од ерата на барокот. Панорамски поглед на познатиот замок Белвер.. Попладне слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
29.Mарт (сабота) ВАЉДЕМОСА И СОЛЕР Појадок. Целодневна факултативна екскурзија, која ќе ве однесе до романтичниот север на Мајорка. За време на прошетката ќе ja посетиме Ваљдемоса, шармантно и незаборавно село со улици-калдрми, украсени со саксии и плочки во чест на Санта Каталина Томас во Сиера де Трамунтана и посета Real Cartuja de Valldemossa, поранешен манастир од 14 век.. По Ваљдемоса продолжуваме со возењето низ националниот парк преку планините Трамунтана,со застанување кај видиковецот Са Форадада, градот Деја. Посета селото Солер, кое се наоѓа во срцето на Сера де Трамунтана, е една од најживописните и најисториските дестинации на островот. Со својата прекрасна глетка, шармантни тесни улички и енергична локална култура. Планирано, слободно време за одмор. Пред враќањето во хотелот, разглед на историскиот центар на Солер, омиленото место за состаноци на уметниците, за која сведочи железничката станица претворена во уметничка галерија во која се сместени делата на Хуан Миро и Пабло Пикасо. Враќањето во хотелот е планирано во раните вечерни часови. Ноќевање.
- Mарт (недела) ПЕШТЕРИТЕ ДРАХ - ПОРТО КРИСТОПојадок. Полудневна факултативна посета на Пештерите Драх во Порто Кристо, кои се едни од најпосетуваните и најпознатите пештери во Европа. При оваа прошетка, ќе ја имате можноста да ја посетите и фабриката во која се произведува “бисерот” на Мајорика. Посетата на пештерите Драх не води и до езерото Мартел кое се смета за едно од најголемите и најспектакуларни подземни езера во светот. Kратко пловење со брод по езерото Мартел нуди несекојдневна можност одблизу да се восхитувате на убавината на пештерите. Разгледот на сталактитите и сталагмитите на возвишен начин е дополнително истакнат, со осветлувањето што го испланирал и поставил инженерот Карлос Буигас. При посетата на “Majorica Pearl” ќе можете да го набљудувате ригорозниот процес на производство на бисер додека го слушате стручното објаснување. Таму ќе можете да видите и интересна изложба на овој производ кој е единствен за Мајорка. Изложбата се состои од најрепрезентативните парчиња со над 120 години историја. Во продолжение следи и половина час пауза во Порто Кристо. Овој крајбрежен град е воедно и заштитен залив, со прекрасната голема плажа од ситен песок и плитка тиркизна вода. Порто Кристо е исто така природно пристаниште кое се користи и за риболов и спорт, а кое и покрај модернизацијата не го изгубило својот природен шарм. Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
- Март (понеделник) ПАЛМА ДЕ МАЈОРКАПојадок.Слободно време до трансферот на аеродром во Палма де Мајорка во 12:00 часот. Лет за Скопје во 14:55 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Скопје во 19:55 часот.
Цена во претпродажба:
439 € ( 27.218 мкд ) - Basic пакет
489 € ( 30.318 мкд ) - Standard пакет со вклучени 1 разглед
624 € ( 38.688 мкд ) - Superior пакет со вклучени 3 разгледи
Цена на аранжманот:
479 € (29.698 мкд) - Basic пакет
529 € (32.798 мкд) - Standard пакет со вклучени 1 разглед
664 € (41.168 мкд) - Superior пакет со вклучени 3 разгледи
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:
√-вклучено во пакет цената на аранжманот!
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ
|
BASIC
|
STANDARD
|
SUPERIOR
|
Организиран панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и локален водич)
|
55€
|
√
|
√
|
Посета на Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич)
|
70€
|
70€
|
√
|
Посета на Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и локален водич)
|
75€
|
75€
|
√
|
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Палма де Мајорка - Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг
- Сместување во хотел Las Arenas **** (Can Pastilla), на база 4 ноќевања со појадок
- Oрганизирани трансфери на Палма де Мајорка: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено-патничко осигурување
- Туристичка такса: за во хотел 4* - 5,7€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.
- Организиран панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и локален водич) = 55€
- Посета на Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич) = 70€
- Посета на Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и локален водич) = 75€
- Доплата за 1/1 соба = 125€
- Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
– За овој аранжман важат Општите услови на патување